вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 181
home Хроника

Кривична пријава за несовесно работење во службата

Кривична пријава за несовесно работење во службата

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Т.А (49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата”. Пријавениот, во текот на 2014 година, во својство на службено лице, вработен во Агенција за катастар на недвижности (АКН), постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на физичко лице М.Ц.од Скопје, која побаралa од АКН да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост за КО Оризари, постапил несовесно при извршување на својата службена должност. Имено, иако требало, тој не ја земал предвид потребната скица, како дел од службена документација за парцелата – предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата , која била предмет на пријавата за усогласување на површина, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.

На тој начин Т.А. овозможил на лицето, подносител на пријавата, без правен основ да се стекне со имотна корист – земјиште, со површина од 393м2 (вредност од 1.965.000 ден.) и истовремено од друга страна, за истиот износ му нанел значителна материјална штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Коронавирус