петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Хроника

Кривична пријава за крадец од Скопје

Кривична пријава за крадец од Скопје

Полицајци вчера извршиле службен разговор со Ш.Д.(38) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на 5 септември 2021 година на бул.„Гоце Делчев“.

Како што соопшти денеска МВР, по добиената пријава, биле преземени соодветни мерки и било утврдено дека Ш.Д. е сторител на делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус