среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 42
home Хроника

Кривична пријава за измамник од Кочани, еве што направил

Кривична пријава за измамник од Кочани, еве што направил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Пријавениот, во периодот од 03.03.2020 до 02.04.2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва.

Потоа, го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125.453 денари.

Локални избори 2021