сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 93
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Кривична пријава за Гостиварец поради даночно затајување

Кривична пријава за Гостиварец поради даночно затајување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Е.(52) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во периодот од 2014 до 2018 година во Гостивар пријавениот, во својство на физичко лице, во континуитет избегнал да уплати персонален данок на доход на други видови приходи во вкупна вредност од 713.824 денари, со пресметана вкупна камата за временскиот период во износ од 184.720 денари.

Паричните средства пријавениот ги остварил од изградба и продажба на станови, за кои бил обврзан да плати данок констатиран со записник од надворешна контрола, извршена од страна на Управа за јавни приходи – Дирекција Тетово.

Коронавирус