среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Хроника

Кривична пријава против скопјанец за давање лажен исказ

Кривична пријава против скопјанец за давање лажен исказ

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.П.(56) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“, предвидено и казниво по член 367 ст.3 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот во текот на 2019 година, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење нова возачка дозвола, до МВР на Република Македонија, Сектор за надзорни работи, во управна постапка, поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола и во прилог на барањето приложил и писмена изјава, во која пријавениот В.П. лично дал/навел лажен исказ дека македонската возачка дозвола му е украдена, иако знаел дека за време на неговиот престој во Р.Полска, неговата возачка дозвола му била одземена од страна на надлежните органи во Р.Полска.

– Врз основа на таквото невистиното барање, од страна на Секторот за управно-надзорни работи при МВР му била издадена нова дупликат национална возачка дозвола на негово име, со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ“, се појаснува во соопштението од МВР. (МИА)

Коронавирус