сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против правно лице од Дебар поради загрозување на животната средина со отпадни материи

Кривична пријава против правно лице од Дебар поради загрозување на животната средина со отпадни материи

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за „несовесно работење во службата“.

На 19.03.2021, одговорните лица дозволиле истек на употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.

Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад, Законот за животна средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Коронавирус