вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Кривична пријава против косовец за криумчарење мигранти

Кривична пријава против косовец за криумчарење мигранти

Регионалниот центар за гранични работи – Југ поднесе кривична пријава против лицето К.Р.(34) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштуваат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 20 април 2019 година на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучката „Смоквица“, во возилото што го управувал пријавениот, полициски службеници пронашле 58 мигранти.

Коронавирус