вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 83
home Хроника

Кривична пријава против 40. годишна охриѓанка, ја злоупотребувала службената положба па на странски државјанин му дала одобрение да вози туѓо возило

Кривична пријава против 40. годишна охриѓанка, ја злоупотребувала службената положба па на странски државјанин му дала одобрение да вози туѓо возило

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Струга.

Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин.

При контрола на граничен премин, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото.

Коронавирус