сабота, 15. август 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Кражби на златни ланчиња директно од вратот на повозрасни жени

Кражби на златни ланчиња директно од вратот на повозрасни жени

Двете кражби се случиле во текот на вчерашниот ден, а мета на крадците биле повозрасни жени. На дрзок начин златните ланчиња биле одземени од вратот на жените.

-Во текот на вчерашниот ден  во 14.05 часот во СВР Штип, П.С.(75) од Штип пријавила дека околу 13.00 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златното ланче од вратот, информираат од Полицијата.

Втората кражба се случила нешто подоцна во 18 часот.

„Шеесет и осумгодишната Л.К. од Штип пријавила дека околу 18.00 часот во парк во населба „Дузлак“ во Штип едно лице со употреба на сила и го одзело златното ланче од вратот,“стои во Полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на двата случаи.

Коронавирус