петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Хроника

Кражба во катната гаража „Тодор Александров“- еве што земал крадецот

Кражба во катната гаража „Тодор Александров“- еве што земал крадецот

Од страна на Јавно претпријатие „Градски паркинг- Скопје“, вчера е пријавено дека во неутврден временски период до 30.03.2018 година во катна гаража „Тодор Александров“ од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на 30 рачки за тешка пена и триесет главни приклучоци за хидрантско црево.

Сторителот делото го сторил така што откако влегол во гаражата се упатил на 2-риот и 7-миот кат од гаражата, дошол до хидрантските шкафчиња, каде со употреба на погоден предмет ги отворил и одзел наведените работи по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 750.000 денари.

Се работи на расчистување на случајот.