сабота, 23. септември 2023. Вести денес: 54
home Хроника

Кражба во Црвен крст во Скопје

Кражба во Црвен крст во Скопје

Ограбени биле просториите на Црвениот крст во Скопје во периодот од 5-ти до 10-ти месецов, информираат од МВР.

-Непознат сторител со употреба на погоден алат го отворил прозорецот и влегол внатре, по што од сеф касата одзел 121.000 денари, 320 евра, еден ресивер и го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.