четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Крадец нападнал сопственик на куќа откако бил фатен на дело

Крадец нападнал сопственик на куќа откако бил фатен на дело
фото илустрација

Скопјанецот Д.Т. вчера вечерта пријавил дека на ул.„Македонска преродба“ во куќа, го затекнал М.Д.(21) како претура во дневната соба.

-Откако М.Д. забележал дека бил виден од пријавителот, истиот физички го нападнал, по што го напуштил местото на настанот.  Од страна на М.Д. одземени биле неутврдена сума на пари кои му испаднале додека бегал, а истиот по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во ПС Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари, информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус