четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 178
home Хроника

Крадец фатен на виничкиот пазар, додека бегал си ја повредил ногата

Крадец фатен на виничкиот пазар, додека бегал си ја повредил ногата

Полицијаци од Виница на дело фатиле крадец од Кочани, како на Грдаскиот пазар врши тешка кражба, се обидел да побегне, но паднал и завршил на Клиника во Скопје.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, вели дека рано утринава во 02.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница на градскиот пазар во Виница го затекнале 39 годишниот Џ.А. од Кочани при вршење кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект.

-Покрај издадената наредба да застане, Џ.А. се обидел да побегне при што паднал и се здобил со повреда на левата нога. Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Панајотова.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица и по расчистување на случајот против Џ.А. ќе биде поднесена кривична пријава.

Коронавирус