недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 51
home Хроника

Крадци украле 13 бисти од градските гробишта

Крадци украле 13 бисти од градските гробишта

Високата цена на металот, посебно на бакарот и бронзата, се доволна причина група вандали да ги осквернават дел од гробиштата во Бутел кои имаат метални бисти. Изминатиов период имало неколку пријави од граѓани до МВР за кражба на спомен –  обележјата на нивните најблиски.

За организираната банда која  краде бисти на градските гробишта „Бутел“ имаат информации во МВР од каде велат дека веќе истрага се спроведува а има и осомничени.

Иако бистите се тешки за носење, и е потребен посебен алат за да бидат откачени од постаментот тоа не ги одвраќа крадците од злоделото. Украдени се многу, но сите кражби не се евдентирани во полицијата.

– Се истражува дали некои од вработените се замешани во „бизнисот“, со оглед на тоа дека гробиштата имаат обезбедување, а за да се изврши ваква кражба потребни се повеќе луѓе, исто така пишува порталот Досие.мк кој во неколку наврати го следи случајот.

Информација е побарано и од службите на гробишта „Бутел“, но од таму повеќе од една седмица нема никаков одговор. Од МВР пак со став дека во интерес на истрагата не откриваат детали.

– Ве известуваме дека  на подрачјето на град Скопје за 2019 година евидентирани се 13 кривични дела „тешка кражба“ на бисти на градските гробишта Бутел, пишува во известувањето од МВР.

Сомнежот е дека по кражбата бистите се продаваат во околните отпади за стар метал каде се претопуваат т.е. рециклираат. Посебно вредна е бронзата, бакарот но и алуминиумот, материјал од што и најчесто се направени споменичните бисти.

Извор: skopjeinfo.mk