среда, 2. декември 2020. Вести денес: 167
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Хроника

Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти

Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл. 418-б ст.4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.

Имено, вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај с.Прдејци, осомничениот управувајќи ТМВ марка „ИВЕКО“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје.

По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка – Притвор за осомничениот.

Коронавирус