четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 10
home Хроника

Коски пронајдени во охридско, полицијата врши увид поради сомневање дека се човечки остатоци

Коски пронајдени во охридско, полицијата врши увид поради сомневање дека се човечки остатоци

Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место.

Преземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали станува збор за човечки остатоци.

Коронавирус