среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Контрола на мопеди и мотоцикли во Велес, Кавадарци и Неготино, 48 неисправни

Контрола на мопеди и мотоцикли во Велес, Кавадарци и Неготино, 48 неисправни

СВР Велес во контрола на мопеди и мотоцикли затече 48 неисправни согласно Законот за сообраќај.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека контролирани се вкупно 96 мопеди и мотоцикли на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино.

-Од контролираните 96, во Велес од 37 неисправни биле 22, во Кавадарци од 35, неисправни биле 20, додека во Неготино од 24 несиправни биле шест мопеди и мотоцикли.