понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Хроника

Компјутери и монитори изгореа во пожар во интернет кафе во селото Љубош

Компјутери и монитори изгореа во пожар во интернет кафе во селото Љубош

Десет компјутери, монитори и инвентар изгореа во пожар што рано утрината избувна во куќа во скопското село Љубош.

Пожарот, како што информира полицијата, избувнал во долниот кат од куќата кој бил даден под наем за да биде интернет кафе.

Куќата е сопственост на 84-годипниот Ф.Б, а долниот кат му бил даден под наем на 30-годишниот Ј.К.

Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Коронавирус