недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Хроника

Комбе удри во жена во Скопје

Комбе удри во жена во Скопје

Жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрило комбе, информира МВР. Вчера во 15:20 часот во Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, 68-годишната E.С. од Скопје пријавила дека околу 10.40 часот на ул. „Љубљанска“ била удрена од товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, при што Е.С. се здобила со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.