сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Комбе удри момче, со тешки повреди пренесено во болница

Комбе удри момче, со тешки повреди пренесено во болница

Товарно возило „Опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од с.Опае-општина Липково, вчера вечерта удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.