вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Комбе изгоре во пожар попладнево во Неготино

Комбе изгоре во пожар попладнево во Неготино

Комбе изгоре во пожар попладнево во Неготино, кај населбата Саат кула, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.

-На лице место интервениравме со две возила и четири пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината, рекоа од противпожарната единица.

Оттаму повикаа населението да биде повнимателно, особено сега при високи температури. Притоа потсетија дека деновиве исто така изгоре жито од ниви во неготинскиот атар.

Локални избори 2021