вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 118
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хроника

Кокаин во Идризово за припадник на групата осудена за Диво Насеље

Кокаин во Идризово за припадник на групата осудена за Диво Насеље

90 грама кокаин кои пред 17 дена се фатени во пакетите од посета во затворот Идризово биле наменети за припадниците на кумановската група кои се осудени на доживотни или 40-годишни затворски казни за терористичкиот напад во мај 2015-та во кумановско Диво насеље.

Обвинителството тогаш објави само дека косовски државјанин е во 30-дневен притвор бидејќи се обидел да ја прошверцува дрогата во затвор. Според информациите на Телма, приведениот е татко на Лирим Красниќи, припадник на кумановската група осуден на 40 години затвор. Кога на крајот од јануари, таткото дошол во посета првично ја минал личната проверка од затворските чувари. Но кога на скенер ги проверувале пакетите за Красниќи, во една јакна го нашле скриениот кокаин. Дрогата била спакувана во топче залепена со селотејп и скриена во внатрешен џеб на јакната.

Уапсениот Красниќи тврдел дека јакната му била дадена од некој таксист за да му ја предаде на друг припадник на групата од Диво Насеље. Лирим Красниќи како затвореник во Шутка учествуваше во нападот врз притворениот Миле Јанакиески.

Од затворската управа за Телма потврдија и дека претходно во два наврати нашле и алкохол спакуван во шишиња сок во пакети наменети за затвореници од терористичката група.

Во Идризово затворски казни отслужуваат 14 припадници на групата од Диво Насеље. Тие се одделени од останатите затвореници дури и кога се пуштени на прошетка.

ИЗВОР: ТЕЛМА

Парламентарни избори 2020