вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Хроника

Кокаин, марихуана и пиштол: Кривична пријава за Гостиварец поради поседување на овие работи

Кокаин, марихуана и пиштол: Кривична пријава за Гостиварец поради поседување на овие работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.У.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

На 16.08.2018 година во Гостивар при претрес во домот и помошните простори кај пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пневматски пиштол ,,Heekler &Koch НК 45 калибар 177 и 1100 дијаболи.