среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 86
home Хроника

Кочанец паднал од кров на семејната куќа, докторите констатирале смрт

Кочанец паднал од кров на семејната куќа, докторите констатирале смрт

Во Полициската станица Кочани вчера околу 14 часот било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на  ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал.

-Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани.