ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Н.(50) од Гостивар, сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 20.12.2020, во 18.40 часот, при извршена контрола од полициски службеници од Полициската станица Гостивар во угостителски објект во Гостивар, биле затекнати три лица – гости, со што Л.Н. ги прекршил дополнителните рестриктивни мерки, поради заштита на здравјето на населението од „ковид -19“, кои се однесуваат на ограничување на работно време на угостителските објекти до 18.00 часот.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат Гостивар локалот бил затворен, а увид извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.