Пред околу еден час се случила сообраќајна несреќа кај надвозникот во скопската населба Ѓорче Петров, каде што се судриле два автомобили, дознава „Фокус“.
Според првичните информации, во сообраќајката полесно повредена е ќерката на познатата актерка Шенка Колозова. Таа се наоѓа надвор од животна опасност.
Патот накај Волково е блокиран.
Информациите на „Фокус“ ги потврди и директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов, каде што се примени двете пациентки.
– Пациентката има фрактура на петна коска и ќе си оди дома со гипс, а другата сопатничка што била со неа има потрес на мозокот и ќе биде испратена на скопската Клиника за неврохирургија – истакна доктор Костов.
Се чека потврда од Министерството за внатрешни работи.