петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 156
home Хроника

Казни за недоволно растојание меѓу масите во угостителски објект

Казни за недоволно растојание меѓу масите во угостителски објект

На 19.12.2020 во периодот од 17:00 до 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во 54 угостителски објекти на подрачјето на општините Куманово и Липково.

Притоа, во угостителски објект на бул.„Трета македонска ударна бригада“ било констатирано дека растојанието помеѓу масите отстапува од протоколите за работа на угостотелските објекти, согласно Одлуките на Владата на Република  Македонија за спречување на ширењето на ковид-19.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат преземени се соодветни законски мерки.

Локални избори 2021