сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 108
home Хроника

Казни од по 800 евра за пет Велешани кои го прекршиле полицискиот час

Казни од по 800 евра за пет Велешани кои го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство бара пет лица од Велес кои го нарушиле полицискиот час да бидат казанети со по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

– Основното јавно обвинителство во Велес денеска до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои го сториле кривичното дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетите биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Коронавирус