сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 34 возачи за непрописно престигнување во Тетово и Гостивар

Казнети 34 возачи за непрописно престигнување во Тетово и Гостивар

Денеска (26.07.) од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 34 возачи.

16 на територија на Тетово, а 18 на територија на Гостивар.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.

Коронавирус