недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 33 возачи за пречекорување на брзината во Скопје

Казнети 33 возачи за пречекорување на брзината во Скопје

Санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Акциската контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, вчера од 6 часот до полноќ ја спроведе Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје.

МВР соопшти дека откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај вчера од 19:30 до 1 часот по полноќ спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје, при што санкционирани се 47 возачи, а откриени се и 42 останати прекршоци.