вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 57
home Хроника

Казнети 210 лица за брзо возење

Казнети 210 лица за брзо возење

Денеска (03.08.2021) во периодот од 05.00 до 08.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи.

Од нив, 24 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коронавирус