петок, 29. јули 2022. Вести денес: 44
home Хроника

Казнети 206 возачи кои возеле пребрзо

Казнети 206 возачи кои возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (23.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи.

Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коронавирус