среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Хроника

Казнети 192 лица за возење под дејство на алкохол, а 490 за пребрзо возење

Казнети 192 лица за возење под дејство на алкохол, а 490 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема брзина од дозволената, а во текот на вчерашниот ден (26.06) санкционирани се 192 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 490 возачи за пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Свети Николе.

-Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност. Апелираме до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид 19, а сме и во период кога се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот. Да бидеме внимателни и поради високите температури со кои се соочуваме деновиве, рече Ангеловски.

Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.

Коронавирус