четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 130
home Хроника

Казнети 168 возачи во Скопје, 13 за возење под дејство на алкохол

Казнети 168 возачи во Скопје, 13 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол…

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Коронавирус