вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 129
home Хроника

Казнети 148 возачи во Скопје, 54 за брзо возење

Казнети 148 возачи во Скопје, 54 за брзо возење

На територија на градот Скопје вчера беа изречени вкупно 148 мерки, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува МВР во областа на сообраќајот. Од нив, 54 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, а 48 за непрописно паркирање.

Како што информира МВР, пет санкции за изречени за возење без возачка дозвола, а шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Исто така, изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, а седум за минување на затворен сигнал – црвено светло.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

ЕУРО 2020

Македонија