недела, 5. јули 2020. Вести денес: 50
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хроника

Казнени налози за 23 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Казнени налози за 23 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.

За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог да им се определи парична казна од по 100 дневни глоби со износ на секоја дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Парламентарни избори 2020