недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Хроника

Казнени налози против две лица од Битола за прекршување на полицискит час

Казнени налози против две лица од Битола за прекршување на полицискит час

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Битола.

– Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во одреден временски период, па на 21 април и на 23 април, се движеле пеш низ градот за време додека во сила бил полицискиот час, велат од обвинителство.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на двајцата обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​​

Коронавирус