среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 37
home Хроника

Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час

Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложиле за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ​

ЕУРО 2020

Македонија