недела, 31. мај 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Казнен налог за прекршување на полицискиот час за државјанин на Албанија

Казнен налог за прекршување на полицискиот час за државјанин на Албанија

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Албанија, заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот 25-годишник, на 16 мај во 04:15 часот, за време на полицискиот час, бил затекнат како се движи со коњ во селото Велебрдо од каде се упатил кон местото викано Долно Маало, пред џамијата. Притоа бил забележан од полициски службеници од ПО Ростуше, информираат од ОЈО Гостивар.

Освен ова, гостиварското Обвинителство денеска за истото кривично дело поднесе предлози за издавање казнени налози против уште 16 лица. Сите биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час, со што ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија. За нив обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби.​

Коронавирус