среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Хроника

Казна за познат скопски локал поради гласна музика

Казна за познат скопски локал поради гласна музика

Општина Центар денес информираше дека по пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи во извршил мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава.

На 21.8.2020 година, Општина Центар, согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, на правното лице Бруклински ДООЕЛ му изрече прекршочна глоба, во висина од 500 евра во денарска противредност.

Општина Центар апелира до сите угостители, локали и нивниот менаџмент, да се придржуваат до важечките правилници и законски одредби, да ги почитуваат истите и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност и бучава.Укажуваме дека ќе продолжиме со санкционирање на сите локали кои нема да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина.И се во интерес на жителите, се вели во соопштението од општина Центар.

Коронавирус