среда, 28. јули 2021. Вести денес: 117
home Хроника

„Кавасаки“ и автомобил се судрија на патот Скопје-Велес, две лица завршија во болница

„Кавасаки“ и автомобил се судрија на патот Скопје-Велес, две лица завршија во болница

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат Скопје – Велес.

Во несреќата, велат од полицијата, учествувале мотоцикл „кавасаки З750“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.П.(24) од Скопје и „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.С.(38) од Скопје.

-Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Ш.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус