среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хроника

Кавадарчанец и гостиварец се тепале за паркинг, по што едниот завршил во болница

Кавадарчанец и гостиварец се тепале за паркинг, по што едниот завршил во болница

По кавга за паркинг место во Скопје едно лице е пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Инцидентот во СВР Скопје е пријавен вчера околу 15 часот, а се случил на улицата „Тодор Чангов“ во Скопје. Во меѓусебната пресметка учествувале двајца мажи на возраст од 40 години, едниот од Гостивар, а другиот од Кавадарци. Тие кои почнале прво да се караат за место на паркинг.

Кавадарчанецот со возилото се обидел да го прегази гостиварецот кој се здобил со повреда, па продолжиле да се тепаат. Во еден момент, кавадарчанецот отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека повредениот избегал.

Кога стигнале полицајците го затекнале кавадарчанецот со пиштолот, за кој е утврдено дека е воздушен. Тој е приведен, а повредениот е однесен во болница.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Парламентарни избори 2020