недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Кавадарчанец ги искршил нозете бегајќи и на полицијата за време на полицискиот час

Кавадарчанец ги искршил нозете бегајќи и на полицијата за време на полицискиот час

Брзата помош во Кавадарци интервенирала нешто по 18 часот откако триесет годишникот бегајќи од полицијата прескокнал ограда и се повредил. Со две скршеници во пределот на потколеницата бил префрлен на скопската Клиника за Трауматологија.

-Според тоа што го раскажал 30-годишникот, додека се движел со автомобил, му била покажана полициска палка за да застане. Не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена. Во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму и се повредил.-Д-р Ратко Грков за МИА.

Откако вчера стапи на сила построгиот полициски час со забрана за движење на граѓаните од 16 па до 05 часот наутро, полицијата затекнала скоро 100 прекршители.

-Вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување.-Наќе Чулев – Министер за внатрешни.

Со воведувањето на полицискиот час од 21 март но и задолжителните здравствени препораки за самоизолација, според последните збирни информации на Обвинителството казнети се околу шестотини лица. Најголем дел од прекршителите се од Скопје, Битола, Кавадарци и Гостивар. Обвинителство побара казна од 2000 евра за заразениот скопјанец кој замина во Охрид и во стан повика вработени во кабелски оператор. Воопшто минималните казни за непослушните граѓани се илјада евра.

Коронавирус