Карамбол и голема драма се случија кај кафе барот Еквилибриум во Аеродром.
Како што јавува репортерот на КУРИР, еден автомобил се движел со голема брзина, по што се судрил со друго возило. Од силината на ударот, автомобилот се залета кон паркингот каде буквално распарчи возила.
По хаосот, возачот на автомобилот го напуштил местото каде направил карамбол. Подоцна, како што информираат очевидците, се вратил на местото носејќи друга облека на себе.
Фотографиите се направени од репортерот на КУРИР