петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Капарисал возило и го измамил сопственикот- наместо да го однесе на механичар, го трампал во Арачиново

Капарисал возило и го измамил сопственикот- наместо да го однесе на механичар, го трампал во Арачиново

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против A.M.(37) од с.Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 03.02.2021 во Гостивар, пријавениот усно се договорил со Ш.Р.(67) од Гостивар да купи од него патничко возило, по што му дал дел од парите и ветил дека останатиот дел ќе му го даде по проверка на исправноста на возилото кај механичар.

После тоа пријавениот не се јавувал на повиците, а возилото го компензирал за производи со лице од с.Арачиново, скопско.

По преземени мерки возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а А.М. на 09.03.2021 бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Коронавирус