На 24.03.2019 во 18:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на железничката станица на влез од Тетово, непознато лице го каменувало патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Кичево.
Притоа, било искршено едно прозорско стакло, додека повредени лица нема.
Се работи на расчистување на случајот.