недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Кај струмичка Водоча во две возила откриени 21 илегален мигрант

Кај струмичка Водоча во две возила откриени 21 илегален мигрант

Полициски службеници, вчера, околу 21.30 часот во село Водоча, струмичко, запреле две патнички возила- „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки во кои биле пронајдени 21 илегален имигрант.

Како што соопшти МВР, веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак и тоа 10 во Пасатот, а 11 во Аудито.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус