петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Хроника

Кај скопјанец пронајдени 48 мигранти во товарно возило

Кај скопјанец пронајдени 48 мигранти во товарно возило

Во товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки вчера во близина на валандовското село Грчиште биле пронајдени 48 лица-мигранти од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.

Како што информираат од МВР, кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија вчера во 13.30 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарното возило управувано од Ж.В.(26) од Скопје. Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.

Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус