сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Кај маж од тетовско пронајдени пушка и куршуми

Кај маж од тетовско пронајдени пушка и куршуми

На 20 февруари 2018 година околу 11:45 часот, по претходно добиени сознанија, на улица „172“ во село Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (33) од село Горно Седларце, тетовско.

При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми. Р.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено било и возилото што го управувал.

Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус