среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 97
home Хроника

Кај маж од Стојаково пронајдени 6,5 килограми марихуана

Кај маж од Стојаково пронајдени 6,5 килограми марихуана

На 30.10.2018 година во периодот од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија извршиле претрес во куќата и помошните простории на М.К.(48) од село Стојаково.

При претресот биле пронајдени 13 најлонски омоти со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, кои биле одземени и дадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус